Тренерот на Слован се сеќава на Тбилиси и тие 0:1 за пласман на Македонија на ЕП, се сеќава и на Охрид!

0
ФОТО: ŠK Slovan Bratislava/FB

Владимир Вајс и вечерва ќе има дуел против македонски клуб или против мак – фудбалот. Имено искусниот стратег на Слован Братислава, секако дека добро се сеќава на 12 ноември 2020 година кога беше селектор на Грузија. Тогаш во Тбилиси со голот на Горан Пандев нашата селекција победи со 0:1 во финалето на баражот и се пласира на ЕП 2021, а Вајс доби отказ.

Сегашнит стратег на Слован секако дека се сеќава и на Охрид. Имено тогаш во летото 2024 година, во меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, неговиот Слован ја победи Струга ТЛ со 2:1 и со вкупни 6:3 го елиминира тогашниот македонски првак во оваа фаза од квалификациите за ЛШ.

Вечерва на Арената во Скопје, Вајс и Слован ќе играат против Шкендија во меч од 5.коло во Лигата на Конференции. Да потсетиме дека во Слован тука се и неговиот син, исто Владимир Вајс а и херојот на Вардар – Тигран Барсегјан. Ерменецот беше еден од клучните играчи на Вардар во таа 2017 година кога нашиот најтрофеен клуб избори пласман во групната фаза во Лигата на Европа.

ПретходноУ-19 елитни квалификации: Девојките во група со Норвешка, Шкотска и Австрија! (ФОТО)