Македонската женска У-19 репрезентација денеска ги дозна противниците во елитните квалификации за пласман на ЕП. Македонија се падна во групата – 4 во која се и селекциите на Норвешка, Шкотска и Австрија. Ждрепката и не е така лоша, ако се погледнат другите групи.
Да потсетиме дека само првопласираната селекција оди на ЕП а втората и третата остануваа во А-дивизијата.
Турнирот се игра во Шкотска во април, еве шанса за селекторот Кирил Изов и неговите избранички да остварат добар резултат.










