Шкендија верува во победа против силниот Слован Братислава!

0

Ако во Скопје можеше да падне Шелбурн, ако Јагелонија се спаси во 90+10.минута од пораз, тогаш зошто Шкендија и вечерва, во меч од 5.коло во Лигата на Конференции да не направи уште едно изненадување? Зошто да не дојде до добар резултат, па и до победа против Слован Братислава, силниот состав од Словачка.

Факт е дека нашиот шампион ќе биде ослабен со неиграњето на двајца клучни играчи, Алхасан и Тамба, поради картони, но стратегот Јетон Беќири има и други адути за вечерашниот дуел со словачкиот гигант.

Од таборот на Шкендија не кријат дека и вечерва пред своите фанови, ќе одат на победа. Со евентуални три бода тетовските “црвено – црни“ и тоа како ќе останат во игра за пласман меѓу оние екипи кои ќе изборат европска пролет. Во последното коло, во меч кој се игра следниот чертврток, Шкендија му гостува на АЕК Ларнака. Секако дека со шест бода од овие два меча работата ќе биде завршена, но треба да се истакне дека токму овие два ривали, според сите показатели се најсилните со кои досега Шкендија играше.

Да се потсетиме, со Рајо и Дрита на гости екипата на Шкендија беше поразена. Додека дома славеше со Шелбурн и ремизираше со Јагелонија. Со тие два “испуштени“ бода со Јагелонија и со бод кај Дрита, а Шкендија имаше во Приштина шанси за такво нешто, секако дека сега ќе беше друга песна.

Сепак се додека шанси има вреди овој тим на Шкендија да даде се од себе и да се обиде да дојде до европска пролет.

Натпреварот вечерва се игра од 18:45 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје.

ПретходноРК Вардар договорил десно крило од Србија!