Шкендија на полувреме против Слован со двојно водство (ВИДЕО)

3

Во рамките од петтото коло од групната фаза од Лигата на Конференции, актуелниот шампион на Македонија, тимот на Шкендија вечерва на Арената го пречекува тимот на Слован Братислава.
На полувреме нашиот тим води со 2:0, откако гостите најпрво си постигнаа автогол. Поточно, во 33. минута Бесарт Ибраими изведе корнер, Љатифи скокна највисоко на првиот дирек, ја зафати топката со глава но од позадина во обди да расчисти реагираше словенецот Кенан Бајриќ. Не успеа во тоа туку ефектно заби во сопствената мрежа за водство на домаќинот.

Во самиот финиш на полувремето, брзата контра на домаќинот ја искористи Спахиу кој заби во празната мрежа на гостите

ПретходноВториот тим на Пелистер по голема драма до бод против Бутел Скопје