Тукушто започнува дуелот помеѓу Шкендија и Слован Братислава, мечот од петтото коло од групната фаза од Лигата на Конференции кој се игра на Арената.
Главниот момент на стартот на овој меч е очајната посета на нашиот најголем стадион. Шкендија не собра повеќе од петстотини гледачи денеска на овој дуел, а за волја на вистината навивачкатата група на Слован е речиси во толкав број.

Што се случува со навивачите на Шкендија!? Барем тие знаат и тоа во како голем број да пристигнат во Скопје, и за првенствени мечеви, а не пак за дуели од Европа и групна фаза, реално најголемиот успех на нивниот клуб во историјата….
Заслужи Шкендија сезонава подобар третман… жално….










