Бесарт Ибраими: И против Слован ќе го дадеме максимумот, сакаме победа

24

Шкендија вечерва од 18:45 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, во меч од 5.коло во Лигата на Конференции, ќе ги одмери силите со Слован Братислава. Секако дека тимот од Словачка е квалитетен состав, но сите во таборот на тетовци сметаат дека ќе се даде максимумот и со поддршка од своите фанови може да се дојде до успех, до победа.

Бесарт Ибраими, капитенот на Шкендија во пресрет на вечерашниот меч побара поддршка од трибините:
„Што се однесува до навивачите, нормално е дека тие се дополнителна мотивација за нас. Очекувам да бидат во што е можно поголем број. Очекувам поддршка од „Балистите“, бидејќи тие се наш 12-играч и верувам дека ќе ни го олеснат патот до победата“.

Шкендија оваа години испиша историја..

Нормално е дека сите сме задоволни, оваа година испишавме историја. Но, не треба да застанеме тука, вечерва мора да го дадеме својот максимум и да го добиеме натпреварот и зошто да не се квалификуваме понатаму“ дополни искусниот напаѓач на нашиот шампион.

Дуелот со Слован и тоа како е важен за Шкендија.

Ја знаеме важноста на овој натпревар и со победа можеме да се квалификуваме понатаму и сме подготвени, мотивирани сме, ќе го дадеме својот максимум. Во последните два натпревари, среќата не беше на наша страна, верувам дека со малку среќа, утре ќе го добиеме овој дуел“ заклучи Ибраими.

ПретходноАлонсо: Поразот боли, но заедно ќе се издигнеме
СледноСалах го напушта Ливерпул? Три клуба веќе се на „готовс“