Откако одигра фантастично против Бур и тоа на гости, му донесе победа на својот Тренто во меч од Еврокупот, Андреј Јакимовски е прогласен за МВП на колото или најкорисен играч во ова коло во ФИБА Еврокупот. Тие 30 поени, седум скокови и три асистенции и со 43 индексни поени, поинаку и не можеше. Ова е негова најдобра партија во кариерата и со овие бројки постави нов клупски рекорд во ова натпреварување.
Ова беше натпревар од10.коло во Еврокупот. Нам ни останува да се надеваме дека Јакимовски ќе продолжи со овие фантастични игри, како во дресот на Тренто така и во репрезентацијата на Македонија.
Кошаркарска и спортска Македонија во Јакимовски добива нова голема ѕвезда.










