Од 18:45 часот, на Арената “Тодор Проески“ се игра мечот од 5.коло во Лигата на Конференции меѓу Шкендија и Слован Братислава. Ова е многу важен меч и за двете екипи. Кој ќе победи ќе ги задржи шансите за пласман во нокаут фазата во ова натпреварување.
Познати се и стартните состави.
Стратегот на нашиот шампион, Јетон Беќири им даде шанса на овие единаесетмина да го стартуваат мечот:
Гаје, Трумчи, Фетаи, Цаке, Вебстер, Зејнулаи, Р. Рамадани, Ќака, Спахиу, Ибраими, Љатифи.
Познато е дека Беќири на овој меч не може да смета на повредениот Крстевски, како и на “пожолтените“ Алхасан и Тамба.
Владимир Вајс, тренерот на Слован верува во овие единаесет играчи:
Такач, Бајриќ, Кашиа, Вимер, Блекмен, Ибрахим, Покорњи, Сандро Круз, Марсели, Мак, Вајс.
Екс – вардарецот Тигран Барсегјан е на клупата и ако има потреба ќе добие шанса, инаку тој се жали на повреда и не е целосно фит.










