Како што и се најавуваше, вечерва Слован на мечот со Шкендија, на трибините на Арената “Тодор Проески“ ќе има и свои фанови. Но, не сите кои планирале да дојдат. Имено вчера фанови на словачкиот тим во авионот за Скопје и тоа пијани, правеле проблеми. По следувањето реагирале аеродромските служби и едно лице од нов било приведено, а на десет не им е дозволен влез во Македонија.
Ова е соопштението на МВР:
“„На 10.12.2025 околу 20:30 часот во СВР Скопје, од службите на Меѓународен аеродром Скопје и од Регионалниот центар за гранични работи Север е пријавено дека во воздухоплов кој пристигнал од Словачка, повеќе лица под дејство на алкохол, кои се дел од навивачка група, за време на летот и по слетувањето не ги почитувале правилата, агресивно се однесувале и ги вознемирувале останатите патници и екипажот.
Полициски службеници веднаш пристигнале на местото и по преземени мерки го приведоа Л.Т.(38) од Словачка, а на 10 други лица, исто така, од Словачка, не им беше дозволен влез во државата од безбедносни причини. По целосно документирање на случајот, против Л.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава“ велат од МВР.










