Шкендија стигна до 5.4 милиони евра заработка од Лигата на Конференции

0

Предмалку актуелниот шампион на Македонија, тимот на Шкендија, успеа да ја оствари втората победа во овогодинешниот настап во групната фаза од Лигата на Конференции. Во Скопје на Арената Тодор Проески поразен е силниот тим на Слован Братислава со конечни 2:0. Тетовци победија со автоголот на Бајриќ односно погодокот на Спахиу.

Оваа импресивна победа за Шкендија е многу значајна од неколку аспекти. Секако рејтингот на клубот, а и воопшто на мак фудбалот со секој позитивен резултат се крева, оди нагоре. Шкендија секако има сеуште сериозни шанси да обезбеди пласман во елиминациите од ова натпреварување, односно активно работи на европската пролет.

Конечно, финансискиот дел од овие успеси исто така е од огромно значење. Па така, Шкендија вечерва со победата на Слован обезбеди нови 400.000 евра на своето конто, сума која што се надоврзува на онаа веќе освоената досега.

Вкупно Шкендија досега заработи одлични за наши фудбалски услови 5.4 милиони евра.

Овие бројки можат да станат уште подобри ако следниот четврток Шкендија обезбеди поволен резултат на гостувањето кај АЕК Ларнака на Кипар во рамките од последното шесто коло од ова натпреварување.

 

ПретходноСтруга до трета радост, Радовиш со 16-ти пораз во низа