Благодарение на Шкендија скокнавме за уште едно место на УЕФА листата! (ФОТО)

972

Така е тоа кога се има успеси, победи. Тоа го прави Шкендија и тоа како оваа есен во лигашката фаза во Лигата на Конференции. И само поради победите на шампионот, Македонија скока на УЕФА листата. Па така по синоќешната победа над Слован, сега Македонија ја мина и С. Ирска на листата на УЕФА и сега се наоѓа на 46.место со 7.666 поени.

Да се потсетиме дека на стартот од Лигата на Конференции, Македонија беше на 51.место, но сега поради Шкендија сме на 46.местo.

Што друго да се каже освен – ТИ БЛАГОДАРИМЕ Шкендија.

Колку за потсетува. Во четврток Шкендија во последното коло од Лигата на Конференции гостува на Кипар кај АЕК Ларнака и може лесно да се случи дури и со пораз да се најде во нокаут фазата во ова натпреварување, да избори европска пролет што секако дека ќе биде фантастичен успех.

ПретходноЕве што и треба на Шкендија да се најде во плеј – офот во ЛК! (ФОТО)
СледноАко Чаби Алонсо добие отказ, тогаш ќе добие и 30 милиони евра од Реал Мадрид!