Шкендија и со пораз на Кипар може да заработи 200.000 евра!

797

Кога играш во Европа, а пред се кога имаш успесои и победуваш и кога си во лигашката фаза во ЛШ, ЛЕ или ЛК како што оваа есен тоа е Шкендија, секако дека и заработката е голема. Само вчерашната победа над Слован значи дека македонскиот шампион добива уште 400.000 евра. Да потсетиме дека истата сума ја доби со победата над Шелбурн, а по ремито со Јагелонија и 133.000 евра. Значи еден милион евра само од настапите во Лигата на Конференции или вкупно 5,4 милиони евра од јули наваму за настапите во Европа.

Секако дека тоа е голема пара за наши услови.

Но, Шкендија може и натаму да ја полни касата, дури и со пораз на Кипар во последното коло во ЛК, ако се најде во плеј – офот, ќе добие и дополнителни 200.000 евра само за пласманот во нокаут фазата. Секако дека во случај на победа или реми на Кипар оваа сума ќе биде уште поголема.

ПретходноАко Чаби Алонсо добие отказ, тогаш ќе добие и 30 милиони евра од Реал Мадрид!
СледноПрвата понуда од С. Арабија за Салах е 2,8 милиони евра неделно!