Симоновски и Ајдоган си заминаа од Башкими!

152
ФОТО: KF Bashkimi 1947 / FC Bashkimi 1947/FB

Марко Симоновски и Огузјан Ајдоган не се веќе дел од Башкими. По завршувањето на есенскиот дел во тековната сезона, тие си заминале од Куманово. Инаку Симоновски и Ајдоган, турскиот интернационалец кој блескаше и како фудбалер на Гостивар минатата сезона, важеа за клучни играчи на Башкими.

Да потсетиме дека кумановци, кои оваа сезона се вратија во ПМФЛ по долга пауза, по есенската полусезона завршија како шести на табелата. Допрва треба да се види какви им се амбициите за пролетниот дел од сезоната.

ПретходноРК Вардар главната рунда во ЕЛ ќе ја почне кај Бенфика, а ќе ја заврши кај Мелсунген! (ФОТО)
СледноВардар е апсолутен државен првак во младински категории во ватерполо