После првиот пораз оваа сезона во Супер-лигата, и тоа од Пелистер, Вардар 1961 имаше лесна задача викендов. Лидерот на табелата на домашен терен славеше против Радовиш со 40-26 и се врати на победите. Ова беше меч од 17-то коло.
Крајниот исход на овој дуел беше познат после седум минути игра, поведе со 6-2. На одморот резултатот беше 22-13, Танкоски, Пинто и Стојановски за само неколку минути игра во вториот дел ја поставија првата двоцифрена предност (26-14). До крајот беше само рутина за домашниот тим. На другата страна пак Радовиш и натаму останува без бодови.
Боно, Пинто и Атанасовски беа главното трио на „црвено-црните“, заедно постигнаа 28 голови, повеќе од половината на својот тим. Кај Радовиш, Постолов имаше осум погодоци.










