Пелистер со убедлив триумф среде Кавадарци!

56
Фото: КК Пелистер

Пелистер дојде до седмата победа во домашната елитна кошаркарска лига, откако вечерва славеше на гости кај Тиквеш со убедливи 76:99.

Па така битолчани ја оправдаа улогата на фаворит, иако на почетокот во таа прва четвртина беа изненадени од кавадарчани ако се знае дека домашните кошаркари го добија првиот период овој меч со 29:28. Сепак работите си дојда на свое место во втората четвртина во која кошаркарите на Пелистер покажаа сила и го добија овој период со 18:27.

И во второто полувреме битолчани беа на своето потребно ниво. Одиграа сосема квалитетно и доволно за да се добие увбедливо овој натпревар со+23 поени разлика.

Што се однесува до поентерите, кај гостите Дејвис и Малешевиќ запишаа по 26 поени, додека кај поразените домашни кошаркари, најефикасни беа Хаоукинс о 25 и Дес со 20 поени.

ПретходноМрме со шести пораз во низа!
СледноПанчев: Балканските клубови треба да се насочат кон Лигата на Европа, а не кон Лигата на шампионите