Фудбалерите на Хофенхајм со убедливи 4:1 славеа над екипата на Хамбургер во 14. коло од германската Бундеслига и успеаја да се пробијат до четвртото место на табелата. Домашните одиграа еден доминантен натпревар и уште многу рано го најавија триумфот.
Промел и Кабак постигнаа голови за домашниот тим во првото полувреме за предност на паузата од 2:0. Во продолжението Хофенхајм успеа да погоди уште двапати и да дојде до високи 4:0. Гостите во завршницата преку Филип само ја намалија негативата.
Вредни три бода и за Ајнтрахт кој со многу мака и само еден постигнат гол славеше дома против Аугзбург. Моментот на одлука се случи во 68. минута кога Доан погоди за 1:0.
Во преостанатите две средби, Волфсбург славеше на гостувањето кај Борусија (М) со 1:3, додека Ст. паули дома со 2:1 го победи Хајденхајм.










