Војчех Шчесни ќе го пропушти натпреварот на Барса против Осасуна вечерва поради стомачен вирус. Според најавата на шпанските весници на негово место се враќа германскиот чувар на мрежата, Марк-Андре тер Штеген.
Ова е првпат Германецот да биде избран за натпревар од Ла Лига оваа сезона.
Жоан Гарсија е како и обично во тимот, додека 19-годишниот американски голман Диего Кочен е избран за трет голман на Барса.










