Андреј Јакимовски уште еднаш со добра партија во дресот на Тренто, а неговиот клуб уште еднаш со победа, вечерва во меч од 11.коло во Лега А против Венеција со 96:90.
Македонецот кој во последно време е во фантастична форма, вечерва заблежа 11 поени, притоа имаше и 8 скокови и 3 асистенции. Кога сме кај скоковите во овој сегмент Македонецот беше трет најдобар на теренот. Мина 31 минута на теренот, најмногу кај Тренто, ова секако дека нешто кажува.
Инаку и тоа како беше интересно на оваа средба, во финишот и драма, но сепак домашниот состав на Тренто дојде до петтата победа против гостите кои важеа за фаворити на оваа средба.
Уште еднаш Јакимовски покажа дека прераснува во екстра играч.










