Како што веќе пишавме, во Вардар 1961 се подготвува нешто големо. По години минати во агонија, заглавени во лавиринти и долгови, „црвено-црните“ полека, но сигурно чекорат кон старите денови кога овој тим имаше моќна финансиска контрукција и ја живееше бајката на европски првак.
Ако се верува на одредени медиуми, во тој случај нема да биде изненадување после повторно да го видиме и Алекс Душебаев, кој следното лето ќе го напушти тимот на Кјелце. Информациите велат дека во Вардар 1961 ќе се обидат да го намамат ракометрот кој во периодот од 2013 до 2017 го носеше „црвено-црниот“ дрес.
Во најава се десното крило Вукашин Воркапиќ, средниот бек Жоао Педро Да Силва, голманот Милан Бомаштар, како и левиот бек од Слован Љубљана, Леон Љевар.










