Вон одлична и на спустот во Ст. Мориц, победа за Германката Ајхер

30

Германката Ема Ајхер е победничка на денешниот спуст од Светскиот куп во Ст. Мориц. Ајхер победи со време од 1:30,50, а 41-годишната Вон заврши втора, 24 стотинки зад победничката, (1:30,74) откако победи на првиот спуст на швајцарската етапа во петокот. Трета на патеката Грисонс беше Италијанката Софија Гоџа, 29 стотинки зад победничката.

На рангирањето на скијачките по спуст, Вон е прва со 180 поени, Ајхер е втора со 145 поени, а Австријката Магдалена Егер е трета со 116 поени. Во генералниот пласман, водечката позиција ја држи Американката Микаела Шифрин со 458 поени, втора е Албанката Лара Колтури со 301 поен, а трета е Новозеланката Алис Робинсонс со 294 поени.

ПретходноНавивачите гневни на ФИФА поради цените на билетите за Мундијалот
СледноШеста сезонска победа: Рајковиќ и Тофаш не губат дома