Добра вест за Алонсо: Мбапе се врати на тренинг, утре ќе игра против Алавес

0

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, ги продолжи тренинзите со тимот и се чини дека ќе му биде на располагање на својот тренер Чави Алонсо за претстојниот натпревар со Алавес во Ла Лига.

Мбапе го пропушти натпреварот во среда против Манчестер Сити поради мала повреда на тетивата здобиена за време на поразот од Селта Виго минатиот викенд.

Враќањето на Мбапе ќе ги зголеми опциите на тренерот Чаби Алонсо против Алавес, бидејќи Реал Мадрид ќе биде без голем дел од првиот состав за тој натпревар.

ПретходноСтајиќ за гостувањето во Кавадарци: Ова е меч кој мора да се победи!