Рафиња, уште еднаш Рафиња за нова победа на Барса!

35
ФОТО: FC Barcelona/FB

Барселона – Осасуна 2:0. Ова е исходот на вечерашниот меч на “Камп Ноу“ во рамките на Ла Лига. Па така ова е 14-тата победа на четата на стратегот Ханси Флик и ова значи дека сега Барса има +7 бодови разлика пред Реал Мадрид, но “кралевите“ имаат меч помалку.

Сепак не беше така лесно за актуелниот шампион на Шпанија. Барса немаше водство се до 70.минута кога Рафиња стрелаше за 1:0. Потоа се беше полесно за големиот фаворит. Бразилецот со својот втор гол во 86.минута за конечни 2:0.

Барса ја продолжи одличната серија, ова беше седма победа во низа во Ла Лига за каталонската гордост.

ПретходноТФТ го освои Гостивар
СледноЛеверкузен победник во “Дербито на Рајна“