Кошаркарите на Пелистер се решени да ја остават зад себе разочарувачката мини-серија од два порази (три во последните четири рунди од Супер-лигата) и викендов да се вратат на триумфални патеки.
„Ова е за нас меч на кој ќе мора да се победи, играме со екипа што има сопствени квалитети и никако не смее да биде потценета. Мораме да излеземе на терен со максимален докус, да имаме енергија да одиграме 40 минути на високо ниво ако сакаме да стигнеме до победата во Кавадарци. Одбраната не ни беше на посакуваното ниво на претходните средби, неделава работевме на одредени корекции и ако одиграме онака како што знаеме ќе се вратиме со два бода од Кавадарци“, вели Бобан Стајиќ, еден од најискусните и најдобрите поединци во таборот на Пелистер оваа сезона.
Покрај оваа средба денеска Гостивар го пречекува ТФТ (18 часот), додека Чааир е домаќин на Ангели (19 часот).










