ТФТ го запиша третиот триумф во низа, вкупно деветти оваа сезона, откако на гостувањето кај Гостивар славеше со убедливи 83-93 во меч од 10-то коло во Супер-лигата.
Домашниот тим добро се држеше во првото полувреме, по изедначената игра во првата четвртина 21-21, Гостивар во следниот период беше подобар со 25-17 за 46-38 на одморот. ТФТ одигра две добри четвртини во продолжение (18-29 и 19-26) доволни за нова победа која го остава на врвот на табелата.
За Гостивар ова беше осми пораз оваа сезона, има и две победи и се наоѓа на претпоследното место.
Гордон имаше 19 поени, додека Ташовски 16 поени кај победникот. На другата страна Абрам запиша 18 поени.










