Екипата на Вардар 1961 во изминатиот период се поврзува со бројни ракометари. „Црвено-црните“ имаа сериозни амбиции, а за тоа говорат и плановите за градење на посилен ростер. Плановите на овој тим е да ја освои шампионската титула на домашна сцена и да се врати во Лигата на шампиони, а за таму ќе треба квалитетен ростер.
Како што објави „Handballia“, 24-годишниот хрватски лев бек Леон Љевар, кој во моментов игра за словенечкиот првак Слован Љубљана е во сериозни преговори со Вардар 1961.
Дали навистина ќе се оствари овој трансфер останува да видиме.
View this post on Instagram










