Македонскиот кошаркарски стратег Емил Рајковиќ продолжи со непобедливата серија на домашен терен со својата екипа Тофаш. Во рамките на турското првенство, Тофаш не знае за пораз пред своите гледачи, па серијата од пет досегашни победи ја продолжи и на денешниот шести домашен меч оваа сезона.
Иако почнаа лошо во првиот дел, момците предводени од нашиот стратег во вториот дел тотално го прегазија ривалот, екипата на Маниса, и на крајот славеа со убедливи 80:62.
Ова е шести триумф на Тофаш во турскиот шампионат во 11 одиграни кола. Сите победи беа остварени на домашен терен.










