Фантастична вечер на босанскиот ѕвер во НБА (ВИДЕО)

55
Фото: IMAGO / ZUMA Press Wire

Босанскиот кошаркар Јусуф Нуркиќ одигра навистина спектакуларен натпревар во победата на Јута Џез против Мемфис на гостински терен од 130:126.

„Босанскиот ѕвер“ одигра 28 минути на теренот, имаше 13 поени и 17 скока, на кои додаде седум асистенции.

Џезс до триумфот во Мемфис ги предводеше Џорџ со 39 поени, Лаури Марканен додаде 26, а Кевин Лав беше исто така одличен со 20 поени за 20 минути.

Шестмина од кошаркарите на домашниот тим постигнаа двоцифрен број поени. Најефикасен беше Алдама со 22 поени, Џа Морант додаде 21 со 10 асистенции.

Јута стигна до деветтата победа во сезоната и сега е на 9-15, што е доволно за 11-то место во Западната конференција. Мемфис е две места понапред со сооднос од 11-14.

Резултати од НБА: Шарлот – Чикаго 126:129, Детроит – Атланта 142:115, Филаделфија – Индијана 115:105, Вашингтон – Кливленд 126:130, Мемфис – Јута 126:130, Далас – Бруклин 119:111, Голден Стејт – Минесота 120:127.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА ПОЛУСЕЗОНАТА: Мато е најдобриот меѓу најдобрите
СледноАнчелоти ќе стане најплатениот селектор во светот!