Важни бодови: Бутел Скопје го доби скопското дерби

42
фото: RK Butel Skopje (FB)

Екипата на Бутел Скопје направи уште еден важен чекор кон местото кое води во плеј-офот. Избраниците на Горан Кузманоски го добија дерби дуелот против Пролет на гостински терен со 23-26.

После 17-то коло во Супер-лигата, Бутел Скопје има скор од осум победи, две нерешени и седум порази, и засега ќе се искачи на петтото место на табелата, дали ќе остане таму ќе зависи од Тиквеш, кој дома игра против Пелистер 2. Што се однесува до Пролет, кој се раздели со Матлиески, тешко може да се надева на плеј-оф, има пет победи, две ремија и 10 порази.

До 22-та минута беше изедначено, по што гостите со серија од 3-0 поведоа со 7-10, на одморот резултатот беше 8-11. Николов и Узунчев во 37-та минута зголемија на 9-14, противникот се обиде пред самиот крај да приреди пресврт, но немаше време. Бутел Скопје во 55-та минута имаше плус 6 (18-24), Пролет со 5-2 успеа да го ублажи поразот (23-26).

Филип Николов со 14 гола беше лидер кај победникот каде Трајкоски имаше 12 гола. На другата страна Димковски реализираше пет гола.

ПретходноШчесни има стомачен вирус, Тер Штеген во составот на Барса
СледноГотово е: Лион и Реал се договорија за позајмица на Ендрик