Зенит на нашиот Ненад Димитријевиќ ја оствари и десеттата победа оваа сезона во ВТБ лигата, откако предмалку на домашен терен убедливо со 105:81 славеше над екипата на Енисеј.
Нашиот репрезентативец за околу 22 минути поминати на паркетот во првата петорка на Зенит, успеа да постигне 11 поени, со два скока и шест реализирани асистенции.
Зенит со оваа победа полека се доближува до водечката тројка на табелата во ВТБ лигата.










