Панчев: Балканските клубови треба да се насочат кон Лигата на Европа, а не кон Лигата на шампионите

99

Еден од најдобрите макеоднски фудбалери низ историјата, Дарко Панчев, во изјава за срппската агенција Танјуг вели дека за клубовите од Балканот во моментов е подобро да се фокусираат на Лигата на Европа, отколку на Лигата на шампионите.

„Зошто ја бркаме Лигата на шампионите за да влеземе во групната фаза? Само за пари. Но, ако сме реални и објективни во фудбалот, сите овие тимови од Балканот, не само Црвена Звезда и Партизан, туку и Динамо и Хајдук и така натаму, многу е подобро за нив и поправилно да играат во Лигата на Европа. Бидејќи квалитетот таму е на некое ниво сличен на овие други тимови и објективно можеме многу подобро да се справиме таму и да освојуваме бодови и да победуваме, да бидеме среќни“, вели Панчев.

ПретходноПелистер со убедлив триумф среде Кавадарци!
СледноВардар 1961 се рехабилитираше со Радовиш