ПСЖ славеше кај Мец, ама урна и рекорд!

45
ФОТО: PSG - Paris Saint-Germain/FB

ПСЖ се врати на првото место во француското првенство откако славеше на гостински терен против Мец со 3:2 во 16-то коло од Лига 1, но многу поважен факт за тимот на Луис Енрике е што актуелниот европски шампион го сруши рекорд.
ПСЖ, всушност, вечерва стигна до 173-от гол во 2025 година, со што го надмина рекордот од 2017 година кога „Светците“ застанаа на еден помалку од сегашниот, но дури ни тоа не го подобри имиџот на тимот кој очигледно се мачи сè повеќе на сите фронтови.
По неубедливиот реми на гостувањето кај Билбао во Лигата на шампионите, момците на Луис Енрике патуваат во Мец со намера да се вратат на врвот на табелата во француското првенство, барем до неделниот дуел помеѓу Ланс и Ница.

Тимот од Париз имаше 0:2 до 42.минута со головите на Рамос и Ндјантиу, ама во тие моменти домашните намалија со голот на Деменге.

Во продолжение од средбата Дуе одново носи двојна предност, но Мец сепак уште еднаш дојде на -1 преку Циташвили во 80.минута.

И во финишот драма, сепак ПСЖ на крајот ги однесе трите бода.

ПретходноЧаир убедлив против Ангели
СледноФулам победнички кај Барнли