Стајиќ за гостувањето во Кавадарци: Ова е меч кој мора да се победи!

23
ФОТО: KK Pelister Bitola/FB

Кошаркарите на Пелистер се решени да ја остават зад себе разочарувачката мини-серија од два порази (три во последните четири рунди од Супер-лигата) и викендов да се вратат на триумфални патеки.

„Зелено-белите“ денеска со почеток во 17 часот ги очекува гостување во Кавадарци против Тиквеш, меч во кој избраниците на тренеро тБоро Даскаловски се мотивирани да одиграат стопроцентно, да стигнат до победата и да се обидат што поскоро да се вмешаат во борбата за највисок пласман.
Тиквеш е тим кој исто така не се наоѓа во најдобра форма, има четири порази во последните пет кола, воедно и ривал со кого Пелистер има добра традиција ако се знае дека битолчани имаат пет победи во низа во домашното првенство над противникот од Кавадарци.

„Ова е за нас меч на кој ќе мора да се победи, играме со екипа што има сопствени квалитети и никако не смее да биде потценета. Мораме да излеземе на терен со максимален докус, да имаме енергија да одиграме 40 минути на високо ниво ако сакаме да стигнеме до победата во Кавадарци. Одбраната не ни беше на посакуваното ниво на претходните средби, неделава работевме на одредени корекции и ако одиграме онака како што знаеме ќе се вратиме со два бода од Кавадарци“, вели Бобан Стајиќ, еден од најискусните и најдобрите поединци во таборот на Пелистер оваа сезона.

Покрај оваа средба денеска Гостивар го пречекува ТФТ (18 часот), додека Чааир е домаќин на Ангели (19 часот).

ПретходноДимитријевиќ со 11 поени во победата на Зенит во ВТБ лигата
СледноДобра вест за Алонсо: Мбапе се врати на тренинг, утре ќе игра против Алавес