ТИМ И ИГРАЧ НА ПОЛУСЕЗОНАТА: Мато е најдобриот меѓу најдобрите

85

Кога твојот тим ќе биде најдобар и ќе стане есенски шампион, а ти ќе бидеш најдобар меѓу најдобрите и завршиш на делба на првото место на листата на стрелците,тогаш нема дилеми дека си и најдобар играч во есенската полусезона. Тоа е Роџерс Мато, репрезентативецот на Уганда и напаѓачот кој е најаслужен за успехот на Вардар.

Во силна конкуренција со Басиру Компаоре, кој исто така има 12 голови, но Вардар а не Струга ТЛ беше есенски првак, сепак Мато доби предност.

Во тимот на полусезоната е и голманот Анџелети (Струга ТЛ), кој просто блескаше на голот на стружани. Во одбраната се Илиевски (Струга ТЛ), Цаке (Шкендија) и Матиќ (Вардар), едноставно најдобрите без дилеми.

Потоа во тимот на полусезоната се и Шабани (Струга ТЛ), Тодоровски (Вардар), Р. Рамадани (Шкендија) и Мирчевски (Силекс). Напаѓачката тројка ја сочинуваат Мато (Вардар), Омерагиќ (Вардар) кој израснува во екстра напаѓач и Компаоре (Струга ТЛ).

Ова е изборот на “СпортСпорт“, сега дали ќе им се допадне на сите, оставаме да си кажат.

ИГРАЧ НА ПОЛУСЕЗОНАТА

РОЏЕРС МАТО

Тим: Вардар

Роден: 10.10.2003 во Уганда

Кариера: Пролаин, КЦЦА, Шанлиурфаспор, Брера, Вардар

ПретходноEкс-фудбалерот на Челзи оди во пензија поради здравствени проблеми
СледноФантастична вечер на босанскиот ѕвер во НБА (ВИДЕО)