ТРЕНЕР НА ПОЛУСЕЗОНАТА: Гоце Седлоски (Вардар)

1

И повеќе од заслужено. Гоце Седлоски е тренер на есенската полусезона во ПМФЛ. На 16 меча тој и неговите играчи победија на 13 и трипати одиграа нерешено, па така со 42 бода сосема доволно за првото место и есенска титула.

Уште ако се знае дека Седлоски за цела 2025 година, тука мислиме на мечевите на домашна сцена, има само еден пораз, и тоа оној од Шкендија на првата средбата во февруари, тогаш еве уште еден аргумент зошто Седлоски е изборот на “СпортСпор“ за тренер на полусезоната.

Со Седлоски составот на Вардар е некоја друга димензија, и кога не блеска знае да дојде до добар резултат. Цела есен Вардар под водство на Седло немаше ниту еден кикс, мислиме на пораз. Знаеше да се извлече и со Брера, посебно со Струга ТЛ, но така тоа го прават големите тимови предводени од големи тренери.

А Седлоски секако дека е тоа.

ПретходноИкарди би можел да се врати во Милан