Уште еден Србин доаѓа во Вардар, овој пат како голманско засилување

189
фото: L'Écho Républicain (X)

Српскиот ракометен голман Милан Бомаштар ќе биде уште едно од новите засилувања за Вардар следната сезона. Веста денеска ја објави српски „Моцарт Спорт“. Според информацијата, актуелниот голман на француски Шартр, следното лето го напушта францускиот клуб откако ќе му истече договорот по три сезони минати во оваа екипа. Тој веќе, наводно, се договорил со Вардар.

Вардар во последно време се поврзува со бројни ракометни имиња, но останува да се види кој се ќе го засили нашиот најтрофеен состав следната сезона.

ПретходноШеста сезонска победа: Рајковиќ и Тофаш не губат дома
СледноКрај на црната серија: Атлетико (М) ја совлада Валенсија (ВИДЕО)