Чаир убедлив против Ангели

11

Во последниот меч од саботната програма, Чаир на домашен терен дојде до важни бодови против Ангели, со совлада со 103-79 во меч од 10-коло. За домашниот тим ова е четврта победа, има и шест порази, и после овој натпревар се најде на седмото место на табелата пред Маџари и Тиквеш. Дали ќе остане таму ќе биде познато по комплетирање на колото.

Домашниот тим разликата ја направи во втората четвртина и последнаата четвртина. По изедначената игра во првите десет минути (26-24), Чаир во следниот период беше подобар со 29-17 за 55-41 на одморот. Ангели одигра рамноправно во третата четвртина, но тоа не беше доволно за пресврт.

Билингслеј постигна 27 поени, додека Тачи имаше 21 поен кај победникот. На другата страна Фордам имаше 17 поени.

ПретходноЛеверкузен победник во “Дербито на Рајна“
СледноПСЖ славеше кај Мец, ама урна и рекорд!