По денешниот пораз на гостувањето во Охрид во дербито на 17. коло во Суперлигата, гпстоте од Битола се чини тешко го прифатија поразот. Според пишувањата на порталот „OhridNews“, по завршување на мечот забележани биле повеќе инциденти. Крилниот играч на Пелистер Дејан Манасков го нападнал помошниот тренер на Охрид, Крсте Андоновски. Инцидентот официјално влегол и во полицискиот бележник.
Инцидент имало и меѓу гостинскиот играч Радивојевиќ и тренерот на ГРК Охрид, Борис Ројевиќ. Според објавените фотографии, битолчани ја искршиле и вратата од гостинската соблекувална, а серијата инциденти кулминираа со напад на група гостински навивачи на неколку охриѓани во центарот на градот.










