Ван Дајк: Се надевам дека Мо ќе остане, но во фудбалот никогаш не се знае

29

Дефанзивецот на Ливерпул и капитен на тимот, Вирџил ван Дајк, проговори за ситуацијата со Мохамед Салах. По вчерашниот дуел и победата над Брајтон од 2:0, Холанѓанецот смета дека сите во клубот му даваат голема поддршка на Египќанецот.

„Сите се надеваме дека Салах ќе се врати и ќе биде важен за нас до крајот на сезоната. Му посакувам се најдобро на АФКОН и се надевам дека ќе се врати. Немам контрола врз тоа. Би сакал да го имам во близина, бидејќи е еден од моите лидери. Ќе бидеме во контакт во текот на следните денови и недели, како што и секогаш сме, a потоа да видиме. Од друга страна, сите знаеме дека во фудбалот тешко е да се предвиди иднината. Се надевам дека Мо ќе остане, бидејќи тој е еден од лидерите и е многу важен за нас“, рече ван Дајк.

ПретходноДерби само на хартија: МЗТ Скопје е друга планета за Работнички (ФОТО)
СледноПет тима се „тепаат“ за грчкиот ѕвер: Јанис сака да оди на сончево место!