Очекувано, убедлива победа на кошаркарките на Крива Паланка на гостувањето кај Патриот (103:53). Домашната екипа беше конкуретна само во првиот период, постигна 20. поени, но прими 32. Сите дилеми беа решени во втората четвртина во која гостинките од Крива Паланка испорачаа дури 36, примија само 12.поени, за недостижни (68:32).
Пул имаше дабл-дабл од 22 поени и 12 скока, два помалку постигна Ниехуес, Груевска заврши со 18 поени (осум скока и три асистенции). Во екипата на Патриот 2016, Атанасовска уфрли 13 поени.
Во првиот натпревар од 8.коло од „Шпаркасе Лајф“ Првата лига, кошаркарките на Пробаскет, со одлично одиграна последна четвртина, излегоа како победници против Бадел 1862 (75-76).
На 2:06 минути пред крајот, гостинската екипа со поените на Јовановиќ, премина во водство (71:70). Бадел 1862 најде одговор, со мини-серија од (5-0), но ниту тоа не беше доволно. Гостинките преку Стоева и Томас, „собраа“ три поени во еден напад (74:75), а потоа Спасова донесе нова промена на резултатот (76:75). На другата страна домашниот тим направи грешки, не успеа да реализира за нова драма.
Кај победникот Томас имаше 19 поени и 16 скока, Јовановиќ финишираше со 17 поени, пет асистенции, но имаше и десет загубени топки, додека Спасова која ги даде последните два поени, заврши со 12.
Одличен натпревар за Бадел 1862 одигра Чолакоска, која дојде до 26 поени (10/15 во обидите за два поени), дополнети со четири скока и четири асистенции. Дабл-дабл релизираше Клири, која имаше 17 поени и 14 скока.
„ШПАРКАСЕ ЛАЈФ“ ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 8. КОЛО
Бадел 1862 – Пробаскет 70:69
Патриот 2016 – Крива Паланка 53:103
14.ДЕКЕМВРИ (НЕДЕЛА)
12.00: Баскет кам – МЗТ Бела вода
Сала СРЦ „Кале“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Sk_hstB0P0s?si=t5WAhwVh3QX7r1iR
16.00: Спорт тим – Вардар
Сала „Младост“ – Неготино
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/1ETfS8y4yn8?si=zIh7sgmQibV4isP4
ТАБЕЛА
1.Крива Паланка 8 7 1 691:459 15
2.Баскет кам 7 6 1 481:363 13
3.Вардар 7 6 1 515:461 13
4.Бадел 1862 7 4 3 512:461 11
5.Пробаскет 7 3 4 535:521 10
6.МЗТ Бела вода 7 2 5 430:457 9
7.Спорт тим 7 1 6 358:511 8
8.Патриот 2016 8 0 8 402:701 8










