ГРК Охрид го прегази Пелистер за историја!

382

ГРК Охрид испиша историја во Супер-лигата, за првпат успеа да дојде до победа против Пелистер од 29-25 во дербито на 17. коло. Актуелниот првак се распадна во второто полувреме, и после овој пораз повторно направи чекор назад кога станува збор за титулата.

Вардар 1961 останува лидер со 32 бода, четири повеќе од Пелистер, третото место го делат Алкалоид и ГРК Охрид, двата тима имаат по 27 бода.

Пилиповиќ беше одличен на голот на победникот со 12 интервенции, Петриќ со седум гола беше прв стрелец. На другата страна Манасков имаше 8 погодоци.

Интересно прво полувреме, еднакво на силите со кои располагаат двата тима. Охрид покажа зошто е претедент за водечките позиции, успеа во овој дел да го има поседот за нијанса повеќе. Битолчани воде со 3-4, па со 4-5. На другата страна, охриѓани поведоа со 8-6 и одржуваа минимална позитива. Во последните пет минути домашниот тим со серија од 3-0 поведе со 13-10.

ОХРИД БЕЗ МИЛОСТ ВО ВТОРИТЕ 30. МИНУТИ

ГРК Охрид во второто полувреме отвори со 3-1 за 16-12 во 34-та минута, период во кој противникот беше со играч помалку. Одбраната на домашниот тим беше на ниво на задачата. Петриќ на стартот н 40-та минута погоди за највисоки плус пет (19-14), откако на другата страна Пешевски не успеа да реализира. Пилиповиќ беше на ниво на задачата, ги поведе своите ракометари кон победата, им даде ветар во грб, а тоа пак беше доволно за да ГРК Охрид да дојде на плус девет 27-18 во 52-та минута. Од овој момент беше јасно дека бодовите ќе останат во СЦ „Билјанини Извори“, бидејќи битолчани беа под нивото.

И вториот тим на Пелистер немаше среќа, беше поразен во Кавадарци од екипата на РК Тиквеш 27:26.

ПретходноСП 2025: Норвешка на врвот на светот, Франција освои бронза
СледноЏабе доминација: Баерн извади само реми со Мајнц (ВИДЕО)