Колку и сите да се надевавме дека вечерва ќе гледаме вистинско дерби, сепак тоа не се случи. МЗТ Скопје во овој момент е друга планета за вечниот ривал, Работнички. Момците од Аеродром тоа го покажаа на дело, беа на ниво на задачата во сите 40. минути и на крајот славеа со убедливи 72-90 во 169 вечна пресметка.
Мекејден со 22 поени беше лидер, Војдан запиша 18 поени, Петков беше стрелец на 17 поени. На другата страна Алстон постигна 20 поени, додека Наков запиша 17 поени.
Целосна доминација на МЗТ Скопје во првото полувреме. И натаму актуелниот првак е на повисоко ниво од Работнички. Само во првата четвртина видовме поизедначена игра (21-25), гостите нагазија во вториот дел за убедливи 37-51 на одморот.
Ништо не се промени ниту во третата четвртина, бидејќи МЗТ Скопје сигурно чекореше кон победата, во последните десет минути влезе со 56-74. Најголемата возбуда беше на пет минути до крајот кога Војдан Стојновски и Виктор Ефремовски заработија неспортска грешка, односно дбе технички грешки, па мораа да го напуштат теренот.
Работнички на момент се разбуди, направи серија од 8-0, но веќе беше доцна за било што.










