Интер тргнува по Викарио како замена за Зомер

38
фото: Full Time News (X)

Според италијанскиот весник „Газета дело Спорт“, Интер има голема желба да го замени Јан Зомер со голманот на Тотенхем, Гуљелмо Викарио.

Интер започна потрага по долгорочна замена за Зомер, а според информациите на весникот, прв „пик“ на „нероаѕурите“ е голманот на лондончани.

29-годишниот голман наводно ги исполнува сите критериуми што Интер ги наведе за нов, постојан прв избор на голман во следните неколку години. Моментално нема преговори меѓу Интер и Тотенхем, но се вели дека Италијанците ја подготвуваат стратегијата за тоа како договорот ќе биде реализиран.

Тотенхем има договор со Италијанецот до летото 2028 година.

ПретходноАлегри по „киксот“ со Сасуоло: Бевме несмасни!
СледноСП 2025: Норвешка на врвот на светот, Франција освои бронза