Кожув до важен триумф против Куманово

1

Кожув успеа да дојде до важна победа против Куманово. Гевгеличани на домашен терен славеа со 100-92 во последниот меч од 10 коло во Супер-лигата. За Кожув ова е шести триумф сезонава, имаат и четири порази, скор кој го однесе на петтото место. Гевгеличани имаат 16 бода исто колку и Куманово. Ова беше прва победа за Љупчо Малинков како нов предводник на „црвено-белите“ од Гевгелија.

Првата четвртина во целост му припадна на домашниот тим, кој имаше позитива од девет поени (22-13). На другата страна гостите најдоа начин како да се вратат во дуелот, го добија вториот период со 19-29 заа 41-45 на одморот.

Во второто полувреме видовме изедначена битка до 30-та минута по која домаќинот полека, но сигурно го градеше патот кон победата.

Пурвис беше лидер со 30 поени, зад него со дабл-дабл учинок беше Вашингтон кој постигна 20 поени и 10 скока. Кај Куманово, Стевановиќ имаше 27 поени, Митевски беше стрелец н 22 поени.

ПретходноМенуваат тренери на два месеци: Овиедо го отпушти и Карион