Пелистер на „тест“ во Охрид

105
Фото: Еурофарм Пелистер

И во ова 17-то коло во Супер-лигата има дерби дуел од врвот на табелата. Во центарот на вниманието е пресметката меѓу ГРК Охрид и Пелистер (18 часот). Актуелниот македонски првак во СЦ „Билјанини Извори“ доаѓа после големата победа над Вардар 1961 на домашен терен за враќање во игра за тронот.

Охриѓани се „нагазна мина“ бидејќи сезонава имаат состав за големи нешта, а дали навистина е така ќе покажат токму против Пелистер, кој исто така сака да продолжи победнички.

Интересно ќе биде и во Кавадарци, каде ГРК Тиквеш го пречекува вториот тим на Пелистер. Пред овој меч, кавадарчани се на шестото место со 16 бода, еден повеќе од противникот. Мечот стартува во 18 часот.

Два часа порано, Струга е домаќин на Прилеп.

ПретходноРобинсон со прва победа во супер-џи
СледноТимон Хауган победник на денешниот слалом