Предноста на домашен терен и публика ја искористи тимот на Селта кој што предмалку со 2:0 беше подобра од екипата на Атлетик Билбао.
Битката на овој меч доби поинаков тек во 48. минута кога домаќинот со голот на Сведберг дојде до предност од 1:0.
Само десетина минути подоцна односно во 55. минута, Ел Абделауи ја удвои домашната предност по што на гостинот му беше многу тешко да дојде до поволен резултат.
Истиот повеќе не се промени, иако гостите имаа шанса преку Нико Вилијамс да израмнат, но тој не го реализираше ударот од белата точка.










