СП 2025: Норвешка на врвот на светот, Франција освои бронза

35
фото: International Handball Federation (X)

Женската ракометна репрезентација на Норвешка е нов светски шампион. Норвежанките повеќе од заслужено стигнаа до златниот медал откако во финалето ја победија Германија со 23:20. Норвешка со денешната победа дојде до сите три злата од големите натпреварувања, еврпските и светските првенства и Олимписките игри. Од друга страна, Германките можат да бидат горди на она што го постигнаа бидејќи стигнаа до светски медал, првпат по 2007 година.

Катрин Лунде имаше 15 одбрани, Хени Рајстад постигна шест гола, Тејл Дејл пет, а Нора Мерк и Ингивлд Бакеруд по три гола за светските шампионки. За Германија, Катарина Филтер имаше 11 одбрани, Емили Фогел, Виола Лехтер и Алина Гриселс постигнаа по четири гола.

По голема борба, трилер и продолженија, Франција победи против Холандија со 33:31 (26:26, 12:11), пред полна сала во Ротердам во мечот за бронзениот медал. Најефикасни кај „бронзените“ беа Сара Букит со девет гола, Луси Гарние и Паулета Фоп со по четири гола, додека за Холандија, Бо Ван Ветеринг и Роми Марскелверд постигнаа по шест, Анџела Малештајн и Дионе Хушер по пет гола.

ПретходноИнтер тргнува по Викарио како замена за Зомер
СледноГРК Охрид го прегази Пелистер за историја!