Баварска гол-машина: Историски рекорд – 50 гола за само 14 натпревари!

62
фото: Bayern (X)

Баерн Минхен ја мина границата од 50 гола во Бундеслигата по само 14 одиграни натпревари оваа сезона.

Ова е нов рекорд за германското првенство. Ниту еден тим претходно не успеал да постигне 50 гола по само толку одиграни натпревари. Момците на Винсент Компани досега постигнаа 51 гол и примија само 11.

И покрај денешното реми дома со Мајнц (2:2), Баерн е лидер на табелата со 38 бода, девет повеќе од Лајпциг и Борусија Дортмунд.

ПретходноКожув до важен триумф против Куманово
СледноГо направија невозможното: Го победија Селтик и го освоија Лига Купот на Шкотска