Шкотски Сент Мирен направи големо изненадување освојувајќи го шкотскиот Лига куп откако денеска го победи го актуелниот шампион Селтик со 3-1 во финалето во Глазгов.
Сент Мирен поведе на „Хемпден Парк“ во втората минута преку Маркус Фрејзер, а израмни Рео Хатате во 23-тата минута. Победата за Сент Мирен ја донесе Џон Ајунг кој ги постигна головите во 64-тата и 76-тата минута.
Ова е само петтиот трофеј откако Сент Мирен е основан во 1877 година. Клубот сега има три Купа и два Лига Купа, но никогаш не бил шампион на Шкотска.
Тренерот на Сент Мирен, Стивен Робинсон, изјави дека е воодушевен од големиот успех.
„Мислам дека почнавме брилијантно, но премногу се повлековме по голот. Понекогаш сè правиш како што треба и ние го направивме тоа денес. Кога работиш во Шкотска, луѓето не ја разбираат разликата меѓу клубовите. Да освоиш трофеј, да победиш тим од калибарот на Селтик, тоа е тим од врвни играчи и мојот тим се спротивстави на тоа“, рече Робинсон.










