Игор Ангеловски си поднесе оставка од тренерското место во Етникос Ахна

327
ФОТО: Ethnikos Achnas FC/FB

По серијата порази, и неуспешната мисија да го врати тимот во резултатски колосек, Игро Ангеловски си поднесе оставка на местото тренер на кипарскиот прволигаш Етникос Ахна.

Некогашниот селектор на Македонија се обиде да го врати тимот во живот што се вели, но низата од шест последователни порази, едноставно беше премногу.

Ангеловски заедно со неговиот помошник Милан Илиевски имале состанок со менаџментот на клубот на кој е дојдено до заклучок дека разделбата е најдоброто решение во моментов за обете страни.

ПретходноТимон Хауган победник на денешниот слалом
СледноСагата меѓу Реал и Винисиус доби нов момент