Интер е новиот лидер на табелата во Серија А откако вечерва на гостувањето кај Џенова славеше со 2:1 и ги искористи денешните „киксови“ на Милан и Наполи за да го преземе водството на табелата.
Во вечерашниот натпревар од 15-то коло од Серија А, Интер беше подобар ривал од Џенова и заслужено славеше како гостин со 2:1 и сега е на врвот на табелата со 33 бода, пред Милан со 32 и Наполи со 31 бод.
Во шестата минута „нероазурите“ поведоа со голот на Бисек, а веќе во 38-та минута со голот на Лаутаро, гостите имаа и зголемена предност од 0:2.
Тоа значително му ја олесни работата на Интер во остатокот од натпреварот, но Џенова не се откажа, па во 69-тата минута преку Витиња намали на 1:2.










